ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пратеници од српската опозиција и граѓанските активисти поставија камп на Савскиот мост во Белград

November 24, 2024 14:27
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Група од 40 граѓански активисти и пратеници од опозицијата, утрината околу 6 часот го изненадија полицискиот кордон заобиколикувајќи ги барикадите и го окупираа средишниот дел од Савскиот мост во центарот на Белград за да го спречат негово рушење, иако полицијата ги спречуваше во тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Активистите со денови кампуваат на приодите до стариот Савски мост во обид да го спречат неговото уривање, што е план на градската власт, која од 2 ноември почна со подготовки на негова демонтажа.

Заменик-претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП) и пратеник Борко Стефановиќ денес изјави дека активисти на опозициските партии и иницијативата „Мостот останува“ успеале во неделата околу 5 часот и 30 минути да стигнат до стариот Савски мост во Белград и да спречат негово незаконско уривање.

-Се обидовме да дојдеме до мостот што го блокираше полицијата. Ги изненадивме. Додека се приближувавме до мостот, неколку полицајци се обидоа да не спречат. Имаше туркање, но акцијата беше успешна. Луѓе од опозициските партии и иницијативата „Мостот останува“ се таму. Не може да се изведуваат работи ниту да пристапат машините, изјави Стефановиќ.

Тој рече дека на мостот има полициски кордон и додаде дека сега ситуацијата е мирна.

Група активисти и граѓани кои се противат на уривањето на стариот Савски мост во Белград, вчера еден час ја блокираа раскрсницата на елитната населба во Белград на вода.

За време на протестот на стариот Савски мост на 20 ноември, полицијата го приведе лидерот на опозициското движење „Крени-промени“ Сава Манојловиќ и градскиот советник на тоа движење Александар Јовановиќ, за подоцна да бидат ослободени.

Истиот ден започнаа работите на демонтирање на тој мост, поради што активистите од протест еден час го блокираа блискиот Бранков мост, кој ги поврзува стариот и новиот дел на Белград.

Од градската власт тврдат дека мостот е небезбеден и дека на негово место ќе се гради модерна сообраќајница. Од друга страна, противниците на уривањето на Савскиот мост посочуваат дека се работи за нетранспарентен проект и дека мостот има историско значење за градот и да треба да се реконструира.

Next Post

(ВИДЕО) Филипче од 30. Конгрес на СДСМ: Реформите започнуваат од партијата за да бидеме пример за општеството

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk