ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

November 28, 2024 12:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство, соопштуваат од СДСМ.
На првата седница на Централниот одбор, како што наведуваат оттаму, одржана во одлична и позитивна атмосфера, беа избрани членовите на Извршниот одбор, потпретседателите и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Потпретседатели се имињата на Кристина Костова, Менде Илиевски, екс министерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Оваа комбинација на млади, мотивирани луѓе и искусни професионалци претставува сигнал за нова насока во работењето на СДСМ, се истакнува во партиското соопштение.
„СДСМ го започнува процесот на консолидација на сите нивоа, со цел да допре до членовите и симпатизерите, да ги слушне нивните предлози и преку инклузивен процес да ја гради својата нова идеолошка платформа. Работата почнува веднаш со план за посета на сите општински организации“, истакна претседателот Филипче.
„Новото раководство ја истакна својата решителност и веднаш се зафаќа со спроведување на конкретни активности. Веќе е подготвен план за работа, со посети на локалните организации и иницирање нови форми на комуникација кои ќе го доближат партиското раководство до членовите и симпатизерите. Промените во начинот на делување ќе бидат насочени кон оние кои останале настрана, со цел да се вклучат во широк и инклузивен процес на креирање политики. Со оваа енергија, новиот тим и јасна визија, СДСМ покажува дека е подготвена да го врати довербата на граѓаните и да биде предводник на позитивните промени во општеството“,, се наведува во соопштението од СДСМ.
Tags: СДСМФилипче
Next Post

Истанбулското обвинителство истражува внесување на голема сума фалсификувани долари

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk