„Искрени и најсрдечни честитки за добивањето на најпрестижната награда – Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија Аби Ахмед. Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја, и инспирација за сите“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, по повод доделувањето на Нобеловата награда за мир.
Заев заедно со поранешниот грчки премиер АЛексис Ципрас беа номинирани за ова престижно признание од Универзитетот ФОН и добитничката на Нобелова награда за мир, Уидед Бушамауи и почесен доктор на науки на Универзитетот за нивните напори во постигнувањето на историскиот договор од Преспа.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157884941337932
„Сакам да се заблагодарам на добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи која заедно со ФОН Универзитет нѐ номинираа мене и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас за годинешната Нобелова награда за мир. Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво. Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот“, истакна Заев.
Б. Ј.