ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Граѓаните да не паничат, храна има доволно, за поскапување казните до 5.000 евра, па и една година затвор

March 20, 2020 08:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прехранбената индустрија во земјава им порачува на граѓаните дека нема потреба панично да купуваат залихи зашто има доволно леб, брашно, масло за јадење, млеко, млечни производи, јајца, кондиторски производи, месо и месни преработки.

Граѓаните не треба да стравуваат и од евентуални поскапувања. Според надлежните, треба да се плашат единствено трговците кои сакаат да профитираат. Тие ќе бидат таргет на инспекциските контроли.

„Цените на основните артикли кои беа зголемени по 11 март, согласно одлуката на Владата, ќе треба да се вратат на нивото на кое биле дотогаш“, рече вчера директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, додавајќи дека на сите што нема да ги почитуваат владините мерки им следува казна до 5.000 евра.

Во вакви, вонредни услови, согласно Кривичниот законик, за непочитување на одлуките се предвидени дури и затворски казни од по една година.

Прехранбената индустрија во моментов е фокусирана на увезување суровини. Владата, пак, ќе и излезе во пресрет со намалување на даноците.

Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши по вчерашната средба со претставниците од прехранбената индустрија на која присуствуваа и министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, како и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, најдоцна денеска треба да бидат донесени соодвени одлуки за намалување на давачките за некои репроматеријали.

Бектеши напомена дека одлуките за намалување на давачките ќе се донесат за да имаме непречено производство на храна, но и за на индиректен начин да се намалат цените или да не се  дозволи поскапување на производите, посбено на основните прехранбени продукти.

„Навистина нема потреба од панично купување храна. Храна има доволно за сите. Граѓаните можат само да си наштетат ако сите во исто време одат во маркетите, бидејќи така се прават непотребни гужви. Ако натрупаат залихи за три недели, некој можеби ќе нема ни за два дена. Сега ни е најбитно да овозможиме увоз на некои суровини што се неопходни за производството, а кои не се произведуваат тука“, рече Ѓорѓи Петрушев од Здружението за земјоделство и преработувачка индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Кризата, според него, нема да заврши утре. Затоа уште сега се изнаоѓаат начини за да не дојде до недостиг.

„И нема да дојде. Се работи на меѓудржавни протоколи, имаме веќе протоколи обезбедени и за возачи и за дотур и за нашите работници, работа во смена, работа од дома. Дури и да има застој, тој ќе биде од неколку дена кои веќе се покриени“, нагласи Петрушев.

Next Post

Забрана за собирање на Водно во ноќните часови

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk