Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, покажуваат денеска објавените податоци од Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ).
По 129-те смртни случаи регистрирани во 2023 година, „2024 е една од најлошите години“, рече генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже.
Според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници.
Од почетокот на војната, на 7 октомври 2023 година, бројот на убиени палестински новинари е најмалку 138, што ја прави оваа територија „една од најопасните во историјата на модерното новинарство, по Ирак, Филипини и Мексико“, според на ИФЈ со седиште во Брисел.
По Блискиот Исток, втора најопасна област за новинарите е азиско-пацифичкиот регион, со 20 смртни случаи, вклучувајќи шест напади во Пакистан, пет во Бангладеш и три во Индија.
Во Европа, Украина е се уште опасна земја за новинарите, каде четворица од нив загинаа во 2024 година.