Гаши изразил задоволство што билатералните односи меѓу Северна Македонија и Казахстан се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и заеднички интерес за натамошно проширување и продлабочување посебно од економски аспект.
-Ставовите на двете земји во врска со клучните прашања на меѓународната агенда се многу блиски. Северна Македонија ги поддржува иницијативите на Казахстан во меѓународните организации, а соработката на мултулатерален план е особено изразена во рамките на ОН и ОБСЕ, нагласил Гаши.
Амбасадорот Буршаков изразил задоволство за одржувањето на средбата. Тој нагласил дека Казахстан е голем трговски партнер на ЕУ и од овој аспект и поддржувач на ЕУ интеграциите на нашата земја.
Буршаков ја потенцирал и досегашната одлична соработка на двете земји и изразил спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња посебно во полето на економија култура и други.
Двајцата соговорници изразиле надеж дека во иднина ќе се продлабочи и парламентарната соработка посебно во ниво на претседатели на парламенти, како и на парламентарни групи за сорабтка.
На крај на средбата двајцата соговорници се согласиле дека интензивната институционална соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет.