Со прослава на фудбалерите во црвени дресови заврши големото градско дерби на Манчестер. Јунајтед како гостин на „Етихад“ го совлада Сити со резултат 2:1 во натпреварот од 16. коло на англиската Премиер лига.
Дуелот беше решен во самиот финиш на натпреварот. Сити водеше до 88. минута, но потоа Матеус Нунес направи дебитантска грешка, му ја додаде топката на противникот, а потоа направи пенал над Амад Диало, кој капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандеш го претвори во израмнувачки гол.
Само две минути подоцна Лисандро Мартинез со долга топка го пронајде Диало, а брзоногиот фудбалер го обиколи голманот Едерсон и го постигна победничкиот гол – 1:2.
Тоа беше прво градско дерби за Рубен Аморим, а дури 24-то за Пеп Гвардиола.
Двете екипи во лоша форма го дочекаа градското дерби, особено шампионот. Избраниците на Пеп Гвардиола на претходните десет натпревари во сите натпреварувања забележаа само една победа со само две нерешени и дури седум порази.
Од доаѓањето на Рубен Аморим, Јунајтед на претходните шест натпревари имаше две победи, едно реми и еден пораз.