ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Франција ќе воведе ноќен полициски час на Мајот кој беше опустошен од циклон

December 17, 2024 10:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Француските власти од вечерва ќе воведат полициски час на островот Мајот во Индискиот Океан, откако беше уништен од циклон во кој се стравува дека загинале стотици луќе, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицискиот час од 22:00 до 4:00 часот по локално време се воведува како безбедносна мерка за да се спречат грабежи, соопшти Министерството.

На француската прекуморска територија Мајот во Индискиот Океан, која беше погодена од циклонот „Чидо“ се уште не се во целост обновени основните услуги.

Префектот на францускиот прекуморски департман Мајот, Франсоа Ксавиер Бовил, завчера изјави дека циклонот „Чидо“ предизвикал „сигурно неколку стотици“ смртни случаи на тие острови и дека бројот на жртви може да достигне „неколку илјади“.

Тој прецизира дека е „многу тешко“ да се даде конечна оценка за разорните ефекти од циклонот на неколку острови во департманот Мајот, кои се наоѓаат во близина на југоисточниот брег на Африка, јави телевизијата БФМ, имајќи предвид дека муслиманската традиција, кој е вкоренета во станбените зони кои се целосно уништени, налага покојникот да биде погребан „во рок од 24 часа“.

Француски министер за внатрешни работи Бруно Ретајо вчера беше во Мајот каде со претставници на локалните власти разговараше за санирање на последиците од невремето.

Според француските медиуми, циклонот сериозно ги оштетил болниците и медицинските центри во Мајот, кои поради тоа станале нефункционални.

Во Мајот нема доволно вода и храна, а сиромашните квартови се претворени во урнатини.

Tags: Мајотполициски часФранција
Next Post

Кина го продолжува времето што посетителите можат да го поминат во земјата без виза

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk