„По нова година, Стејт департментот на САД може дополнително да ја прошири ЦРНАТА ЛИСТА за да вклучи и други луѓе од различно политичка провинција“. Ова за „Фронтлајн“ го вели правникот и политички аналитичар Ќенан Алиу.
– САД имаат релевантен закон врз основа на кој американскиот Стејт департмент го обработува и одлучува да го стави некој на таканаречената „Црна листа“. Но, набљудувањето и истрагите од релевантните служби за тоа што е целта, трае релативно долго, а фактите и доказите обезбедени се анализирани од специјалното тело на Стејт департментот за да се дојде до конечната одлука. Значи, ова е чувствителен и многу доверлив процес, па затоа е тешко да се предвиди кога и кој може да се најде на оваа листа. Според она што може да се прочита меѓу редови, на оваа листа може да има и други лица по нова година од различни политички средини. Не заборавајте, извршниот указ на претседателот Бајден во 2021 година го вклучува временскиот интервал до 2025 година со кој е наредено следење на владеењето на правото и борбата против корупцијата во неколку земји, вклучително и во Западен Балкан, изјави Алиу за „Фронтлајн“.
Неодамна, Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ и апелацискиот судија Енвер Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт департментот.
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.
Јавното обвинителство на 17 декември соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена.
Годинава на американската „црна листа“ се најдоа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на општината Карпош, Стевчо Јакимовски. Минатата година беа ставени поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, бизнисменот Орце Камчев, бизнисменот Сергеј Самсоненко и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. На оваа листа тие им се придружија на експремиерот Никола Груевски и на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Дестан Јонузи