пишува: АНА НЕДЕЛКОВСКА
Во моменти кога целиот свет, десни и леви, прави и криви се обединуваат во борбата против корона вирусот, се најде на сред Балкан еден лидер валкан што слепо следи наредби од почесен пензиониран претседател да работи на сé што не треба. Цел свет ни аплаудира на спремноста на министрите, на ефикасните мерки, на професионалноста, а нашата опозиција е незадоволна зошто не е на власт. И ќе тужи за тоа!
Кога од лидер на партија ќе слушнеш изјава дека Владата одвај чекала епидемија, кога истата таа партија ти нуди нестручна помош која само може да резултира со поголем проблем, кога секоја изјава е сведена на негативен контекст во полза на собирање ситни трошки од поени, сфаќаш дека проблемот со десницата кај нас е многу поголем и трул во срж. И за тоа нема вакцина.
Не можеш да нé сметаш сите колективно за глупави, колку и да ви беше целта само „вашите“ да останат тука и да ве гласаат слепо, да го чувате тој идентитет ваш со антички столбови и грчки богови, златни гаќи и погрешни латински зборови на споменици. Колку може да си проѕирен? Два дена пред да објавиш листи со кандидати, отиде во Будимпешта по амин. Не сме глупави, ама па и ти не си најпаметен.
Трагичното е што дпмне се впуштија во масовно пласирање лажни вести и покрај тоа што веќе е казниво со закон. Спинувањето им се гледа и на оние неколку телевизии што останаа верни на „каузата“ спонзорирана со пари од Унгарија. Од една обична најава на вести на Сител може да се види марифетот на извртување информации. На сите медиуми се пласираат објективни вести, колку и да не им се допаѓа тоа на поединци, но ете ги Сител кои од реалната вест “нови мерки во економијата“ го превртеа тоа во „приватните бизниси сами ќе се справуваат со кризата“. Од веста „нарачана е и донирана медицинска помош, треба да стигне во секој момент“, фабриката за тешење на дпмне го најави тоа на вести како „нема доволно медицинска опрема“.
И на цела оваа мака на министерот, да објаснува по интернети и по пресови што е лага, што е испревртена вистина, што е извадено од контекст.
Нема, нема, не ќе се роди, поголем антидржавен елемент од дпмне. Огорчени дека не се власт, дека не можат своите приватни митинзи да ги спонзорираат од буџет, дека не можат сите да ги држат во рака и само да потпишуваат решенија за ефтини фонтани, фуш катни гаражи, неисправни фискултурни сали, фасади однесени од виорот…и се тоа за МАКЕДОНNЈА! Ќе обновувале они. Што? Обнова на изолацијата, обнова на антиквизацијата, обнова на оние плочки на плоштад што ослепуваат? Обнова на фиром?
Не секој се справува убаво кога ќе падне „од коњ на магаре“. Таман ќе ти легне убаво фотелјата, фондовите, странските кредити, и оп, „тендерко“, „северџан“, „комуњарко“ ти ремети тебе тука крадење и лажење и тегнење за уши, срамота! Па уште ти вика затвор да лежиш зошто едно 8 пати си го испразнил државниот буџет, си увезувал луѓе да те гласаат! ЗА МАКЕДОНNЈА! Велам ТУЖИ ГО дека си ја врши работата! Ти си имаш книшка од дпмне, кај смее тебе правда да те гони?
Собрани на едно место луѓе што не сакаат правда и напредок зошто тоа лично на нив се одразува.
Секоја изјава која излегува од Белата палата на криминалот треба да се земе со резерва, или да не се зима воопшто, зошто од таму ништо убаво не излегло. Вчера точната бројка на тестирани за корона вирус беше над 300 луѓе, денес Мицковски со изјава дека „нема тестови, тестирани се само 200“… или информациите ги добива преку интернет Експлорер, или веќе не бира средство како да се избрука пред својот народ кој всушност дури еднаш и го уцени „ако ме гласате на избори ќе кажам кој му помогна на Груевски да избега“. Значи, знаеш ама не кажуваш. Тоа е патриотизам, сине! Тато ќе те вработи со две Пауер Поинт презентации, чичо ќе ти ја остави партијата, ти само збори глупости по пресови и шири дезинформации. Платички од партија, и од факултет, и од електраните сигурно ќе добиеш.
Една група десничарски твитер хиени дури бараа АЛГОРИТАМ да се смени за да биле они први на reach на time.mk. Затоа што дпмне се навикнати да диктираат рејтинзи, анкети, да местат избори, а немаат капацитет да си купат сладолед од скапиот без да побараат дозвола до Груевски. Затоа говорот на омраза не е решение, лажните вести кратко траат, криминал си е криминал, националист си е националист. И се тоа по цена на една партија, собрано сé во едно, со една единствена цел – да не се одговара за криминал, да се обнови буџетот на партијата во исчезнување, да се исфорсира назадено уредување, мешање во женската матка, онеписменување на генерации и генерации со нестручен кадар речиси на секое поле, од здравство до просвета.
Затоа не ја сакаат ЕУ. Прво, зошто ја нуди слободата што ја сакаме, второ зошто ЕУ ти кажува дека имаш право на избор. Не е избор Тодоров со уште тројца да одлучува која жена смее да абортира. Не е ефикасно да воведуваш екстерно во образование, а ги мешаш И и N, не е коректно да вработиш наставничка по англиски со завршено средно која поминала на штабското интервју и лепела плакати во маало.