ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

(ВИДЕО) НАСА сака да воспостави рутинско присуство на Месечината

December 22, 2024 12:26
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Илустрација

Илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

НАСА прави напори да ги врати астронаутите на површината на Месечината и да воспостави рутинско присуство на Месечината. Вселенската агенција вели дека ќе ја турка следната мисија на својата програма Артемис од крајот на 2025 година до почетокот на 2026 година. Известува Кејн Фарабо, пренесува Глас на Америка.

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, го започна своето ажурирање на почетокот на декември за напорите на американската вселенска агенција да ги врати астронаутите на Месечината, нагласувајќи ја сложеноста на мисијата Артемис.

„Тоа е најхрабриот, технолошки предизвикувачки, меѓународен обид за соработка што човештвото некогаш го направило“, истакна Нелсон.

Артемис 1 беше првиот чекор на НАСА во враќањето на Месечината и беше пробен лет без екипаж кон крајот на 2022 година. Кога вселенското летало Орион на Артемис 1 се врати во атмосферата на Земјата, персоналот на НАСА забележа проблеми со топлинскиот штит на капсулата наменета за заштита на астронаутите внатре, ставајќи ја во сомнеж веродостојноста на вселенското летало и иднината на Артемис.

„Топлина беше акумулирана во надворешниот слој на топлинскиот штит“, објасни заменик администраторката на НАСА и поранешна астронаутка Пем Мелрој.

Таа вели дека во последователната студија на НАСА за проблемот нашла решение, а со тоа, вселенското летало Орион ќе лета во идните мисии.

„Нашиот тим ја идентификуваше вистинската причина за проблемот со топлинскиот штит на Артемис“, додаде Мерлој.

Првата мисија на Месечината со Артемис 2 првично беше закажана за крајот на 2025 година со орбитирање, но не и да слета на површината на Месечината.

Поправањето на проблемите со топлинскиот штит и траекторијата за повторно влегување на вселенското летало Орион сега ја принудува НАСА да го одложи датумот на лансирање на Артемис 2 до април 2026 година. Артемис 3, која планира да приземји астронаути во близина на лунарниот јужен пол, сега е закажана за средината на 2027 година.

„Безбедноста на нашите астронаути е секогаш на прво место во нашите одлуки“, посочи Нелсон.

Администраторот на НАСА Нелсон ја истакна геополитичката важност да се обезбеди дека програмата Артемис може безбедно и сигурно да транспортира астронаути на Месечината пред Кина да го направи тоа до 2030 година.

„Важно е поради областа каде што мислиме дека има потреба, а тоа е јужниот пол, првенствено поради присуството на вода, но и да го воспоставиме нашето присуство таму пред Кина да стапне таму и да ни каже… држете се подалеку“, посочи Нелсон.

Нелсон, исто така, ги оправда одлуките за прилагодување на временската рамка на Артемис и покрај промената во претседателската администрација во јануари што може да доведе до дополнителни прилагодувања, истакнувајќи дека ракетите за Артемис 2 веќе се подготвуваат за лансирање.

„Животот на цврстите ракетни засилувачи има одредено дефиниран век. Значи, требаше да ја продолжиме оваа работа за да можеме да останеме на оваа временска линија“, истакна Нелсон.

По лансирањето на Артемис 2, мисијата може да влезе во историјата и со испраќање на првата жена и првата обоена личност околу Месечината. Идните мисии на Артемис сè повеќе ќе вклучуваат опрема од комерцијални компании како Спејс Икс и Блу Ориџин.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МесечинаНАСА

НАЈНОВО

Трамп рејтинг

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана

June 23, 2025

Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

June 23, 2025

САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот од политичари во Брисел кои сакаа да го нанесат врз македонскиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk