ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Oдговорност, внимателност и посветеност во борбата со коронавирусот

Генералниот секретар Љупчо Николовски во своето обраќање повикува на внимателност, посветеност и одговорност на сите, во моменти кога светот се справува со корона вирусот

March 21, 2020 10:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Генералниот секретар Љупчо Николовски во своето обраќање повикува на внимателност, посветеност и одговорност на сите, во моменти кога светот се справува со корона вирусот.

„Се справуваме со глобална пандемија од коронавирусот и тоа од нас бара крајна одговорност, посветеност и внимателност

Одговорност има секој од нас, секој поединец.

Затоа многу е важно секој граѓанин целосно да ги почитува мерките, препораките и задолженијата од надлежните институции.  На тој начин сите го даваме придонесот за заштита на најавжаното – здравјето.

Институциите прават се за да ја спречат закана, да ги заштитат граѓаните и да се справат со последиците.

Сега е време секој од нас, сите ние заедно, да им помогнеме така што ќе ги почитуваме нивните препораки и ќе се придржуваме до секоја мерка.

СДСМ како одговорна и сериозна партија низ општинските структури создаде мрежа од млади волонтери, храбри луѓе кои не се во ниту една ризична група, спремни својот волонтерски ангажман да им го стават на располагање на институциите.

Ја информирам јавноста дека сите наши волонтери низ целата држава ги ставаме на располагање на надлежните институции кои имаат потреба од волонтери, како Црвениот крст,  општинските сервиси но и секоја друга институција на која сега или во иднина ќе и биде потребно.

Согласно потребите на институциите, ќе се вклучиме и заедно ќе помагаме. Делувањето и вклучувањето на волонтерите ќе биде исклучиво под палката и насоките на надлежните институции.

Тоа е одговорно, институциите ќе проценат каде и за што има потреба, на каков начин ќе им се помага на граѓаните.

Почитувани граѓани,

Во деновиве пред нас да ги тргнеме сите поделби, сите различности и да се сплотиме во предизвикот да го заштитиме нашето здравје.

Сечие здравје е важно, секој човек е важен.

Да продолжиме дa се однесуваме одговорно, сериозно, зрело и смирено.

Заедно сме сплотени во маката, но и заедно ќе излеземе од неа како победници.“ вели Љупчо Николовски во обраќањето.

Next Post

Бизнисот со првични проценки за загубите, банките со поповолни услови за постојните кредити

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk