ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Времеплов, 12 октомври 2019

October 12, 2019 07:57
in ИНФО ПИТ
Гранд Хотел, Брајтон, по бомбашкиот напад на ИРА, 1984 година

Гранд Хотел, Брајтон, по бомбашкиот напад на ИРА, 1984 година

Share on FacebookShare on Twitter

1492

Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигна на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргна со три бродови: „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето, ги откри Куба и Хаити, каде што остави дел од своите луѓе и се врати во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.

1518

Германскиот верски реформатор Мартин Лутер го одби барањето од римската курија да се покае и одрече од своите уверувања.

1811

Парагвај прогласи независност од Шпанија и Аргентина.

1822

Бразил доби независност. Дотогаш оваа земја беше португалска колонија.

1870

Почина американскиот војсководец, генералот Роберт Едвард Ли, командант на армијата на Северна Вирџинија во Граѓанската војна во САД од 1861 до 1865 година. Соочен со неспоредливо надмоќната армија на Северот, на 9 април 1865 година тој капитулира.

1934

Малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ е прогласен за крал на Југославија, три дена откако неговиот татко Александар I Караѓорѓевиќ е убиен во Марсеј, во атентатот што го изврши македонскиот терорист Владо Черноземски.

1942

Во битката на пацифичкиот остров Гвадалканал во Втората светска војна Американците ги поразија Јапонците и го спречиле нивното навлегување во Австралија.

1960

Во Генералното собрание на Обединетите нации, во текот на дебатата за колонијализмот, советскиот лидер Никита Сергеевич Хрушчов го соблече чевелот и со него трескаше по масата.

1962

Во Сараево, СР Босна и Херцеговина е роден Бранко Црвенковски, поранешен премиер и претседател на Република Северна Македонија и долгогодишен лидер на СДСМ.

1968

По 190 години шпанска колонијална управа, африканската држава Екваторијална Гвинеја се здоби со независност.

1984

Во експлозија на бомба подметната од терористи на Ирската републиканска армија во „Гранд хотел“ во англискиот град Брајтон, каде се одржуваше годишната конференција на британските конзервативци, загинаа пет лица.

1990

Исламски терористи на мотоцикли во Каиро од заседа ги убија претседателот на египетскиот парламент Рифат Махџуба и тројцата негови телохранители.

1999

Генералот Первез Мушараф со воен удар ја собори владата на премиерот Наваз Шариф, го распушти Парламентот и воведе вонредна состојба.

2012

Европската унија стана добитник на Нобеловата награда за мир. Во образложението на Нобеловиот комитет се нагласува дека на ЕУ ѝ се доделува Нобеловата награда за мир за 2012 година, поради заслугите за обединувањето на европскиот континент. Одлуката за доделување на Нобеловата награда за мир на ЕУ е донесена едногласно од членовите на Комитетот, со кој претседавал генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

May 11, 2025

Анчелоти пред „Ел Класико“: Не би рекол дека Барселона е фаворит

May 11, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk