Министерот Филипче на прашањето поставено од редакцијата Фронтлајн, дали се разгледува можноста да се затворат сите паркови или слични поригорозни мерки со оглед на очигледното непочитување на мерките за претпазливост и препораките да се седи дома, во Скопје во претпладневните часови и за викенд, одговори дека такви и уште неколку други поригорозни мерки веќе се спремни во Владата и ќе се разгледуваат попладнево.
„И тие мерки и уште неколку други поригорозни мерки како предлог веќе се спремни во Владата и ќе ги дискутираме поладнево. Очигледно е непридржувањето до мерките. очигледно е дека има сериозна бројка на граѓани коишто овие апели, овие пораки, овој ризик не го земаат сериозно, така да имаме одговорност овие мерки да ги заостриме, затоа што мерките имаат логика и ќе дадат резултати само доколку целосно се почитуваат“, одговори министерот за здравство Венко Филипче на нашето прашање.
Ј. Ѓорѓиоски