ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси

Нашите првични анализи покажуваат дека се потребни интервентни мерки во насока на финансиска поткрепа на новинарите и медиумските работници. Сметаме дека тие мерки можат да одат во две насоки.

March 21, 2020 15:51
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бараат од Владата на РСМ да донесе итни мерки за олеснување на работата на медиумите во овој исклучително тежок период. Нашите првични анализи покажуваат дека се потребни интервентни мерки во насока на финансиска поткрепа на новинарите и медиумските работници. Сметаме дека тие мерки можат да одат во две насоки.

Да се доделат финансиски средства по вработен во висина на минималната плата, или сите медиуми да се ослободат од плаќање придонеси во следните два месеци. Истовремено бараме одложување од два месеци на плаќањето ДДВ кај фирмите кои се бават со медиумска дејност.

По овие два месеци ќе се направи нова проценка со цел да се утврди дали има потреба мерките да бидат продолжени. Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ваквите мерки ќе им овозможат на медиумите полесно да го пребродат овој тежок период кој за жал со себе носи негативни економски последици. Бараме главен предуслов за користење на овие бенефиции да биде неотпуштање на вработените (новинари и медиумски работници) во периодот додека траат мерките.

Ситуацијата во која се наоѓаме длабоко го погоди и приватниот сектор, а земајќи го тоа во предвид за медиумите станува сè потешко да опстојат на пазарот бидејќи огласувачите во овој период ги намалија своите реклами од медиумите. Со ваквите мерки ќе овозможиме сигурно работно место за сите вработени во медиумскиот сектор. Така ќе се се олесни финансискиот притисок врз медиумите и новинарите кои во оваа криза имаат клучна улога за информирање на јавноста.

ЗНМ, ССНМ и другите медиумски организации стојат на располагање во овој период со цел заедничко изнаоѓање на решенија за олеснување на работата на медиумите и новинарите.

Next Post

Глоба од 3.000 евра за прилепчанец, шетал наместо да биде во самоизолација

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk