До сега повеќе од 30.000 потписи доби онлајн петицијата за воведување на евтина струја во периодот додека трае вонредната состојба, поради коронавирусот.
Организаторите велат дека ги поздравуваат мерките кои се преземени од страна на Владата и Министерството за здравство и наредбите за самоизолација на населението, но предупредуваат дека и задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие.