ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Нема пари за работниците, власта одбива да ја покачи минимална плата – Цените растат, граѓаните осиромашуваат

December 30, 2024 11:01
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
плата, кошничка, работнички живот
Share on FacebookShare on Twitter

Цените растат, граѓаните осиромашуваат, додека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја пласира својата „неспособност“ зад празни зборови и оправдувања, велат опозиционите партии.

Од таму додаваат дека додека во секоја нормална држава, одговорната власт би презела мерки за да ги заштити своите граѓани од ударите на инфлацијата која се покачува, оваа власт прави токму спротивното – со својата пасивност, тие стануваат соучесници во секое празнење на паричникот на граѓаните.

– Ова не е само неспособност – ова е предавство на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја покажа својата вистинска страна, и таа е – страна на ароганцијата, на незаинтересираноста за секојдневните проблеми на луѓето и на заштитата на нивните лични интереси. Сè се сведува на гола пропаганда и ПР со кој ни ги мачкаат очите. СДСМ неколку пати понуди вистински одговор на овие предизвици. Покачување на минималната плата, покачување на платите на сите работници, реално намалување на цените. СДСМ знае како ова се прави затоа што тоа го правеше седум години наназад. Но арогантното ВМРО-ДПМНЕ не прифати ништо, ниту еден амандман за буџетот, ниту една предлог мерка предложена од пратениците, велат од опозициската СДСМ.

Социјалдемократие веќе поднесеа Закон за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка се предвидува минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра.

Месечната нето-плата во октомври оваа година изнесува 685 евра, објави Државниот завод за статистика. Споредбено со Србија истиот месец просечната плата била за 157 евра повисока од македонската.

„Македонија заостанува и во однос на соседните земји, каде работниците заработуваат значително повеќе. Во Босна и Херцеговина просечната плата изнесува 720 евра, во Црна Гора 944 евра, во Хрватска 1.340 евра, а во Словенија 1.514 евра“, велат податоците на Државниот завод за статистика на Македонија.

Сепак кај нас има зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец.

„Тоа е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7,5%), Образование (5,0%) и Градежништво (3,1%) и се резултат на зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство“, соопштија од Државниот завод за статистика.

Просечната плата во Македонија во последните десет години пораснала за околу 94 отсто. Но, и покрај двојниот раст, Македонија е на дното на Европа според висината на просечните плати.

Податоците на Светската банка покажуваат дека во земјава и натаму има илјадници луѓе кои живеат во сиромаштија.

Во студијата се вели дека 2023 година завршила со 86.405 луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија и дека 519.452 се умерено сиромашни. Поповолното сценарио за истата година предвидело да има 70.084 екстремно сиромашни и 439,022 кои живеат во умерена сиромаштија.

Дестан Јонузи

Tags: Владаминимална платаопозицијаСветска Банка
Next Post

Најспектакуларните фотографии на НАСА за 2024 година

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk