Во изминатите 24 часа, во Италија од коронавирусот животот го загубиле 793 луѓе.
Вкупниот број на мртви во оваа земја досега изнесува 4825. Забележани се и 6557 нови случаи на заразени со корона вирусот.
Само во Ломбардија има 546 нови смртни случаи. Според податоците, во овој регион на Италија бројот на лица кои го загубиле животот надминува три илјади.
На светско ниво, бројот на починати надминува 11 илјади лица.