ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Економијата е во фокусот, правиме промени кои носат предвидливост и подобри услови за инвестирање

January 14, 2025 15:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економијата е во фокусот на Владата на Македонија и во изминатите шест месеци од својот мандат посветува внимание да направи промени коишто ќе донесат предвидливост за инвеститорите и подобри услови за инвестирање. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Форумот на „Инвисо“, претходно познат како Еуромани“, којшто се одржува во Виена.

Воведни обраќања, како што соопшти Министерството за финансии, имале и првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман, заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

-Во овие шест месеци од преземање на власта сме фокусирани на економијата и на она  што треба да промениме и е важно за инвеститорите. Во изминатите 7 години се направени многу промени во даночната политика и затоа ние велиме дека треба да имаме предвидлива даночна политика, данок со рамни стапки и дека како и во преходниот период и во следните 4 години ќе биде стабилно и нема да правиме промени. Тоа е важно за компаниите да можат да ги прават своите планови, истакнала министерката.

Таа додала дека друг значаен аспект на кој е фокусирана Владата е инфраструктурата и дека целта е да се покажат резултати на дело.

-Успеавмe да завршиме сериозен експресен пат кој го поврзува Скопје со Софија. Исто така, фокусирани сме на финализирање на патната делница во западниот дел од државата од Кичево до Охрид, на кој се работи повеќе од 10 години и очекуваме во следните 2 години да биде завршен. За инвеститорите ова е многу важно особено затоа што во регионот на Охрид  има многу странски инвестиции, истакнала Димитриеска-Кочоска.

Министерката потенцирала дека се преземаат сериозни активности и во борбата со криминалот и корупцијата, активности на полето на фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, како и други реформи кои се важни за инвеститорите.

-Многу сме сериозни и фокусирани на економијата и можам да ветам дека во наредниот период ќе покажеме сериозни резултати. Веќе ги покажуваме и сега, а сериозен доказ за тоа е растот на БДП во третиот квартал.  Работиме и на реформи што се многу важни за нас и за инвеститорите, што значи се обидуваме целосно да го смениме концептот на работа и тој да биде заснован на професионалност, нагласила министерката.

Во обраќањето Димитриеска-Кочоска се осврнала и на спроведување на реформите поврзани со евроинтеграцијата на нашата земја, при што истакнала дека се следи Реформската агенда и дека ќе бидат завршени преземените обврски во врска со неа.

-Она што е утврдено со Реформската агенда ќе го завршиме. Веќе се подготвува договорот за побарување на средствата  и сме прва земја од петте во Западен Балкан што ги исполни обврските, што значи дека сме многу сериозни, истакнала министерката за финансии.

На маргините на форумот, министерката Димитриеска-Кочоска ќе оствари повеќе средби со инвеститори и претставници на меѓународни финансиски институции.

Инаку, Форумот е годишен настан којшто на едно место спојува професионалци од различни сегменти на финансискиот и банкарскиот сектор и  дава можност за информирање за најновите случувања во финснсискиот свет и отворење дискусија за трендовите и иднината на финансиските пазари.

Next Post
Фото: Скриншот The Sun

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ги изненади болните од рак во истата болница каде што се лекуваше

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk