По 46 дена од нападот на главниот канал на Ибар-Лепенец на северот на Косово, денеска повторно е во функција по санирањето на физичката штета од страна на косовските власти, соопшти косовската министерка за економија Артане Ризваноли, пренесуваат косовските медиуми.
Косовските власти процениле дека штетата предизвикана од овој напад е околу 400 илјади евра, додека предвидената штета е околу 2,5 милиони евра.
На 29 ноември (2024) каналот Ибер-Лепенци беше нападнат со околу 20 килограми експлозив на страничните ѕидови, при што што се извади протокот на вода од коритото, со што беше загрозено снабдувањето со вода и струја на дел од Косово.
Шефовите на високите институции на Косово директно ја обвинија Србија за овој напад, иако официјален Белград такво нешто негираше.
Нападот го осудија и земјите од Европската унија и Соединетите Американски Држави.
Каналот Ибар-Лепенец е еден од најважните добра на Косово. Каналот го снабдува со вода од Ујманското Езеро целиот север на Косово, регионите на Митровица, Приштина и околината, како и Косовската енергетска корпорација (КЕК) за ладење на нејзините термоелектрани.
Д. Т. / Цивил Медиа