Хуманитарните организации рекоа дека планираат брзо да ги прошират своите операции во Појасот Газа откако новодоговорениот прекин на огнот стапи на сила, јави ДПА.
Шефот на Меѓународниот комитет за спас (IRC) Дејвид Милибанд рече дека организацијата ќе ги прошири „размерот и влијанието“ на својата работа во Појасот Газа „како што дозволуваат условите“.
-Лузните од оваа војна ќе бидат долготрајни, но очајно е потребен наплив на помош за да се обезбеди итно олеснување на цивилите, рече Милибанд. „За ова ќе биде потребно флексибилно финансирање и слободен проток на помош и работници.
Кетрин Расел, извршен директор на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), нагласи дека обемот на хуманитарните потреби во Газа „е огромен“.
-УНИЦЕФ и партнерите се подготвени да го зголемат нашиот одговор, рече Расел. „Примирјето, конечно, мора да им овозможи на хуманитарните актери можност безбедно да го применат масивниот одговор во Појасот Газа, кој е толку очајно потребен.
Во моментов се проценува дека има околу 17.000 деца кои ги изгубиле своите родители или биле одвоени од нив. Речиси 1 милион деца повеќе не живеат во своите домови, според бројките на УНИЦЕФ.