ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Ги продолжуваме напорите за преземање поголема одговорност на ЕУ за својата одбрана

February 3, 2025 10:49
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Приоритетите на заедничката европска одбрана, обезбедувањето на средства потребни за нејзино финансирање и зајакнувањето на постоечките партнерства на ЕУ, ќе бидат главни теми на отворената и слободна дискусија на денешниот неформален Самит на Унијата, најави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред почетокот на средбата на шефовите на држави или влади на членките на блокот, што се одржува во бриселската палата Егмон.

– Ова е првпат да се сретнеме на состанок посветен исклучиво на одбраната и овој наш напор претставува продолжение на работата што ја започнавме на Самитот во Версај во март 2022 година, кога заклучивме дека Европската Унија треба да преземе поголема одговорност за својата одбрана, рече Кошта.

Тој изрази надеж дека лидерите ќе имаат стратешка дискусија со која ќе има дадат политички насоки на Европската комисија и на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас за изработка на „Белата книга за одбраната“ и дека ќе го трасираат патот за одлуките што Унијата треба да ги донесе во наредните месеци.

Кошта потсети и дека на овој неформален Самит се поканети и британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кои со европските лидери ќе разговараат за прашањата поврзани со заедничката европска одбрана.

Неформалните самити на ЕУ се собири на лидерите на земјите членки на кои само се дискутира и се разменуваат мислења за одредени прашања, но не се носат никакви одлуки.

Tags: ЕУКошта
Next Post

Сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во фалсификување пари, приведени 10 лица

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk