Косовскиот премиер Албин Курти, кој бара нов, трет по ред, мандат од косовските гласачи на парламентарните избори в недела, 9 март, во својот говор за време на завршниот митинг во Приштина, продолжи со острата реторика кон опозициските партии. Курти, зборувајќи за опозицијата, прво го спомена Бирото, тврдејќи дека опозицијата „има уште многу пари“ и дека „украдениот капитал ќе биде вратен“.
„Срамот на овие денови, на сите овие противници кои ни докажаа и не научија што сме читале затоа што знаевме, дека се заедно. Не само затоа што им била спречена кражбата, туку затоа што овие луѓе се богати на црно, тие сѐ уште имаат пари. Им ја одзедовме политичката моќ, но тие мора да го вратат украдениот капитал, бидејќи Бирото за конфискација на неоправдани средства сѐ уште не функционира, но тоа ќе се направи, има само доцнење“, рече тој.
Според него, опозицијата, по полициските акции против трговијата со дрога, „покажала знаци на апстиненција“.
„Тие не само што се загрижени дека кражбата престанала, туку се чини дека се загрижени и што косовската полиција запленила најголемо количество дрога и многу силно ги погодивме трговците со дрога. Кога ќе видите како некој од нашите противници неразбирливо пцуе, тоа се знаци на апстиненција. Се сеќавате ли, кога овие поранешни влади, кога беа на власт, нашата полиција два пати беше видена како ја ограбува најбезбедната просторија, просторијата за докази, еднаш со дрога, еднаш со злато и којзнае што друго“, рече тој.
Курти понатаму зборуваше дека во неговиот мандат, за прв пат, Република Косово стана солидарна држава која се грижи за сите – благодарение на оваа влада.
„Оваа влада на сите им даде еднакви можности и никого не остави зад себе. Независната република, со нашето добро владеење, го направи Косово држава која ги гарантира и правата на малцинствата. Ние, граѓаните на Косово, се движиме без визи во Европа“, рече Курти.
Тој ги нарече овие избори референдумски.
„Недела, 9 февруари, е референдум за следните 4 години, значи е референдум за тоа што ќе правиме. Една милијарда евра за производство, затоа што треба да произведуваме за да вработиме повеќе луѓе. Треба да го намалиме увозот. Треба да ја развиваме економијата. Ова ќе биде придружено со наплата на данокот на додадена вредност, ќе го преместиме од границата во внатрешноста и ќе одлучиме како бизнисите да го прават тоа. Ќе ја отстраниме царината од 10% за автомобили од ЕУ“, се дел од предизборните ветувања на Курти што ги повтори на завршниот митинг.
В недела на 9 февруари во Косово се одржуваат парламентарни избори. Право на глас во земјата имаат вкупно 2 милиони 75 илјади 868 гласачи.
Специјално за ЦивилМедиа: Дестан Јонузи