ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

February 11, 2025 11:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот, НЕПРАВИЛНО и НЕПРАВЕДНО ја разреши, поради наводни неправилности во нејзината работа. Тина Иванова ја тужеше министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за како што рече „јавно изнесени навреди и клевети“ на прес-конференција. Иванова од неа побара јавно да ѝ се извини или ќе мора тоа да ги бара на суд.

По сите истражувања, како што посочува Иванова, не се пронајдени никакви неправилности во нејзиното работење на позицијата Директор на Македонската Филхармонија.

Таа вели дека пресудата на скопскиот Управен суд за Министерството за култура раководено од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е извршна и неотповиклива, oдносно, Министерството за култура и екс министерката немаат право на жалба.

Тина Иванова за време на мандатот како директорка на Филхармонија, ги поддржа протестите на уметниците и на целиот колектив на Македонската филхармонија и се потпиша на нивната петиција.

Тина Иванова по повод пресудата изјави:

„Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска,  злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа, но, она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинството и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата, таа го впери прстот на јавноста кон мене. Но, и покрај тоа, оние коишто ме познаваа, сите мои сакани, сите мои искрени пријатели, сите луѓе коишто веруваа во мене, знаеја и тогаш дека е во прашање една голема небулоза и тенденциозна манипулација. Денес стојам пред сите нив и чесно и гордо им соопштувам дека мојата чесност и достоинственост денес и официјално победија. Јавно им се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка. Оваа победа ви ја посветувам вам!“, вели Тина Иванова.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаТина Иванова
Next Post

Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk