ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворено писмо на вработените во Македонска филхармонија до Мицкоски и Љутков

February 15, 2025 13:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворено писмо на вработените во Македонска филхармонија упатено до премиерот Мицкоски и министерот Љутков, по повод конкурсот за избор на директор.

Писмото го пренесуваме интегрално:

Почитуван г-дин Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Р. Македонија

Почитуван г-дин Зоран Љутков, министер за култура на Р.Македонија

Ви го пишуваме ова писмо од име на вработените во Македонската филхармонија со надеж дека ќе го имате предвид значењето на нашата институција, при носењето на финална одлука за назначување на нејзин нов директор на конкурсот кој се уште е во тек.

Би сакале однапред да укажеме, за да не се повтори погубната практика на кадровски грешки кои беа составен дел од водењето политика во минатото.

Уште во јуни, пред формирањето на новата Влада, во еден медиум, г-дин Изет Меџити јавно објави дека ВЛЕН ја “добил” Филхармонија и дека Мустафа Имери ќе биде првиот Албанец, кој ќе раководи со институцијата. Оваа скандалозна објава ја руши легитимноста на конкурсот кој се уште е во тек, бидејќи името на г-дин Имери се уште фигурира низ кулоарите како сигурна и договорена опција за директорското место на нашата институција.

Во вашата програма и пред изборите, освен богатата програма со проекти за напредок на Македонија во сите сфери, се нагласуваше и кадровскиот потенцијал на идната владина коалиција со нагласена решителност за справување со корупцијата и примената на т.н. мерит систем, односно поставување на кадри и напредување врз основа на компетентност, способност и професионални заслуги. Токму на тој начин, треба да се избере и директор на нашата институција, според законски утврдена процедура со вградени критериуми од страна на ресорното Министерство. Секој друг начин за избор на директор со кој се прескокнуваат највисоките скалила на одлучување е голема храброст (или дрскост). Лицитацијата на функции без спроведување на законска процедура со јасно утврдени критериуми е навреда за дејците во културата, а во таа насока и за нас, вработените во Македонската филхармонија.

Директор на Филхармонија легитимно се избира на конкурс, и треба да се избере кандидатот со најдобра програма и професионални квалификации и референци.

Македонска филхармонија е единствен државен симфониски оркестар во земјата, кој осум децении освен што ја промовира класичната музика на највисоко ниво е главен промотор и на македонската музичка мисла и на домашните композитори и изведувачи од нејзиното основање до денес. Оркестарот во изминатите осумдесет децении имаше подеми и падови, се соочуваше со многубројни проблеми, пред се, со недостаток на сопствен концертен простор. Со изградбата на новата концертна сала, музичарите од Македонската филхармонија ги добија сите неопходни услови за работа, а Македонија може да се пофали дека е единствена земја во регионот, чиј државен симфониски оркестар има свој дом. Сонот на нашите претходници, на низа генерации музичари конечно стана реалност, нивниот сон го живееме ние денеска, одржувајќи ја во живот богатата македонска музичка традиција. Онаа која композиторот Тодор Скаловски во далечната 1944 година, визионерски ја преточи во камен -темелник на македонската музичка култура.

Другите земји во светот имаат по неколку државни симфониски оркестри, Македонија има само еден – тоа е Македонската филхармонија. Таа е национален симбол, таа е столб на македонската култура, наш најголем амбасадор во светот.

Токму поради тоа, за нас е исклучително важно кој ќе застане на чело на нашата институција, бидејќи тоа ја одредува насоката во која ќе продолжиме да се движиме во иднина.

Мисијата на нашите основоложници и претходници за нас е светост, таа е аманет, кој, ние вработените го чуваме како најскапоцен дар, и ќе продолжиме да се бориме за да го зачуваме, бидејќи Македонската филхармонија не е само единствен симфониски оркестар во државата, туку и верен чувар на нашиот национален идентитет“ се наведува во писмото од СО Македонска Филхаронија при СКРМ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЉутковМицкоскиФилхармонија

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk