ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Апасиев: Гаши да не ја опструира надзорната расправа за аерозагадувањето бидејќи ќе се соочи со правни последици

February 18, 2025 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот на Левица Димитар Апасиев денеска одржа прес-конференција на којашто обвини, како што кажа, за опструкции и саботажа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. Од претседателот на Собранието Африм Гаши побара да не го зема предвид мислењето на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања и не го опструира процесот, бидејќи ќе се соочи со правни постапки.

Апасиев објасни дека добил допис од претседателот на Собранието Африм Гаши дека дваесет пратеници од опозицијата од него побарале од него да свика надзорна расправа за аерозагадувањето, што било негова деловничка должност така да постапи. Тој рече дека Постојаната анкетна комисија веќе е во „неповратен“ процес на канење на четириесет гости меѓу кои премиерот и двајца министри, единаесет претставници на јавни органи, потоа шест градоначалници, четири експерти и професори, осум екоактивисти, четири истражувачи новинари и тројца од приватен сектор.

-Се сомневаме дека овој каприц затоа што не им се допаѓа на првопотпишаниот или претседателот на Комисијата, е досега без преседан во Собранието на саботажа на вака важна тема. Се сомневаме на коруптивни интереси позади затоа што за првпат се поканети претставници на Цементара кои во својство на сведоци ќе треба да одговараат за отпадот наводен кој што тие го согоруваат и оттука бидејќи тие фигурираат како донатори кај градоначалниците на ДПМНЕ, се сомневаме дека стојат бизнис релации позади опструкцијата на оваа расправа, рече Апасиев.

Тој, како што кажа, апелира до претседателот на Собранието Гаши, бидејќи Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања донесува незадолжително мислење „да не го послуша вчерашното мислење на Комисијата“.

-Тоа не е автентично толкување. Автентично толкување дава пленумот и да не постапи по нивното мислење, односно да не го опструира овој процес затоа што ќе се соочи со правни постапки. Прво, интердитна заштита од Уставниот суд за спречување на политичко дејствување во Собранието, нешто за штопоранешниот уставен судија а сегашен пратеник Сали Мурати веќе доби еден таков случај и за што има преседан. Потоа ќе бараме поништување на ова мислење од страна на ДКСК затоа што има судир на интереси, кај претседателот и гласач Миле Лефков и потоа на крајот ќе поднесеме и кривична пријава за спречување на службено лице во спречување на службено дејствие затоа што ова што јас морам да го спроведам на 25 е мојата деловничка и законска обврска, а не само право, рече Апасиев.

Му порача на Гаши да не посегнува кон поништување на легален процес на закажување на надзорна расправа каде што чекор по чекор се запазени сите процедурални чекори и активности.

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот вели дека владејачкото мнозинство може уште денеска да достави свои предлози за учесници на надзорната расправа. Вели дека спорот е кој ќе ја води надзорната расправа и дали ќе има само една ваква расправа со предлози на опозицијата или две. Апасиев исто така обвинува дека се саботира и работата на Анкетната комисија чиј што претседател е тој или пратеници на Левица.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ со потписи од над 60 пратеници поднесоа барање за одржување на надзорна расправа до претседателот на Собранието Гаши и тој да го одреди матичното тело кое би ја организирало оваа надзорна расправа. Засега нема став од Гаши како ќе постапи и дали во Собранието ќе се одржат две надзорни расправи или не.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АпасиевГаши

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk