ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Фон дер Лајен од Кијив: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ

February 24, 2025 11:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев.

– Ќе презентирам и сеопфатен план за тоа како да ги зголемиме нашето европско производство на оружје и нашите одбранбени способности. И Украина, исто така, ќе има корист од тоа, нагласи Фон дер Лајен, најавувајќи дека главен приоритет на ЕУ во наредните недели ќе биде да се забрза итната испорака на оружје и муниција за земјата.

Како што јави известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА, во говорот на Самитот што се одржува на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, Фон дер Лајен оцени дека никој не сака мир повеќе од народот на Украина, но дека до праведен и траен мир се доаѓа само преку сила.

– Затоа ја зајакнуваме вашата економија. Тоа е причината зошто ја зголемуваме прилагодливоста на вашето снабдување со енергија. Затоа ќе продолжиме со обука и опремување на вашите војници, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК потенцира дека во тие рамки е и денешното усвојување на нашиот 16-тиот пакет санкции на ЕУ кон Русија.

– Ќе ги зголемиме казнените санкции против Русија, освен ако таа не покаже вистинска волја да се постигне траен мировен договор, нагласи Фон дер Лајен.

Таа посочи дека 24 февруари 2022 година вечно ќе остане запомнет како неславен ден.

– Беше нападната мирна нација, без причина, поради империјалистичката опсесија на (рускиот претседател Владимир) Путин. Но, ние веруваме во слободна и суверена Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и ви се придружуваме за да ја обликуваме оваа иднина заедно, додаде претседателката на ЕК.

Според неа, Путин повеќе од кога било се труди да ја добиеме оваа војна на терен и негова цел останува Украина да капитулира.

– И тогаш знаеме што може да се случи следно. Затоа што тоа веќе се има случено претходно. Не е во прашање само судбината на Украина. Тоа е судбината на Европа. Затоа, нашиот прв приоритет останува да зајакне отпорот на Украина, истакна Фон дер Лајен, потсетувајќи дека ЕУ и нејзините земји членки досега обезбедија поддршка за Украина во износ од 134 милијарди евра.

Таа потенцира дека е потребно и зајакнување на отпорноста на ЕУ во услови кога таа презема поголема одговорност за сопствената безбедност, но дека кога се говори за безбедноста, не се мисли само на нејзината воена димензија.

– За три години, Русија се обиде да ја втурне Украина во темнина со немилосрдно таргетирање на енергетската инфраструктура. Затоа подготвивме амбициозен пакет за енергетска безбедност.

Целта е да се обезбеди прилагодлив, безбеден и конкурентен енергетски систем за Украина. Целосно ќе ги интегрираме пазарите на електрична енергија на Украина и Молдавија

со нашиот пазар на електрична енергија до крајот на следната година. Ќе го искористиме целосниот потенцијал на огромните складишта за гас во Украина, од кои 80 отсто се наоѓаат близу до земјите членки на ЕУ. Ова генерира приход за Украина. Ќе ги забрзаме и инвестициите во обновливата енергија на Украина. Сите овие напори ќе резултираат со поголема енергетска безбедност и за Украина и за Европската Унија, рече Фон дер Лајен.

Инаку, Фон дер Лајен заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 21 еврокомесар денеска престојуваат во Киев со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода на третата годишнина од почетокот на руската инвазија.

Tags: Војна во УкраинаКијивУрсула фон дер Лајен
Next Post

Се зголемува граѓанскиот револт за енормното зголемување на сметките за струја

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk