ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Љутков: Имплементација на Законот за македонски јазик со концепт, работиме прецизно и нема да дозволиме скандали

February 27, 2025 14:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик не може да се спроведуваат ад хок, без концепт. Тоа важи и за распишувањето на конкурсот за директор на Инспекторатот за примена на македонскииот стандарден јазик. Во комисиска расправа е измена на Законот за македонски јазик, се прави усогласување и додека се работи тоа не може да се постапува по конкурсот. Можеби сме побавни, но работиме темелно, прецизно, точно и нема да дозволиме да ни се случуваат скандали какви што имаше во минатото. Тоа го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков како одговор на прашањето на пратеничката на СДСМ, Соња Лукаревска, која побара од министерот да одговори зошто девет месеци власта не постапува согласно одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик усвоен во Собранието во јануари минатата година.

– Инспекторатот за македонски јазик не е формиран затоа што направена е трансформација во Министерството за култура и туризам, поднесовме измени на законот вклучително и за Законот за македонски јазик. Во меѓувреме положија заклетва многу лектори. За да бидеме транспарентни, почекавме да им бидат врачени лиценците, и потоа да го распишеме конкурсот за директор на Инспекторатот по македонски јазик. Тоа е сторено во понеделникот, кога беше распишан конкурсот, рече Љутков.

Одговорајќи на прашањето на Лукаревска тој истакна дека за разлика од претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ која, како што посочи, за седум години назначила шест министри за култура, актуелната власт е определена да работи со план.

– Конечно ние првпат од 2014 година имаме конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата, резултати во кои нема скандал. Минимален број приговори по конкурсот,  тоа е репер дека добро ја работиме работата. Сега кога кончено воспоставиме систем на ред, некаква минимална нормалност во работењето на Министерството, вие наоѓате забелешки дека девет месеци не сме работеле ништо, рече Љутков.

Што се однесува на забелешките за бавноста во спроведувањето на политиките во областа на културата, тој рече дека сите институции биле затекнати во девастирана состојба, нагласувајќи дека е потребно време да се воведе ред.

Лукаревска од собраниската говорница рече дека не е задоволна од одговорот на министерот, особено реагирајќи на оние делови кога тој рече дека ништо не било сторено за културата изминатите седум години кога власта ја предводеше СДСМ.

– Законот за употреба на македонски јазик беше донесен во јануари минатата година со политички консензус, во рамки на Владата на СДСМ. Ваше е наредниот период да почнете да го имплементирате, тоа е ваша обврска како министер за култура и туризам, потсети Лукаревска. 

Поврзано: 

Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

Tags: ЛукаревскаЉутков
Next Post

Костова за изјавата на Димитриеска-Кочоска кон Петровска: Безобразна родова дискриминација

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk