ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка

March 1, 2025 11:20
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка.

– Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски.

Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата караница со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Греам истакна дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого да работиме со нас, или треба да се смени“.

Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски.

Поддршка за Зеленски уследи и од украинската армија и од Украинците.

Главниот командант на украинската армија Олександр Сирски изјави вечерва дека војниците на земјата го подддржувааѕт претседателот Зеленски.

– Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант (Зеленски). Нашата сила е во единството, напиша Сирски на социјалните мрежи откако Зеленски ја напушти Белата куќа без потпишан договор со САД, и откако Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.

Сириски додаде „продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.

Поддршка уследи и од премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на Икс објави дека „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.

– Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ кој ја плати својата слобода со својата крв, напиша на Икс украинскиот вицепремиер Михаил Федоров.

И Украинците на интернет го поддржаа Зеленски.

– Навистина историски ден. Целиот свет во живо виде како човек од земја разурната од војна им се спротивставува на двајца насилници, објави еден Украинец на социјалните мрежи, алудирајќи на Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Додека друг Украинец на Фејсбук наведе дека „Русија долго време ќе се радува на оваа средба“.

Во нашите најлоши кошмари, никогаш не ни замислувавме дека американскиот претседател вака ќе ни зборува. Чувството е како заседа. Намерно понижување, посочи тој.

Tags: Војна во УкраинаЗеленски
Next Post

Филипче: Неспособноста на владејачката гарнитура е очигледна, граѓаните страдаат

НАЈНОВО

„Охрид SOS“: Продолжува бришењето на јавниот интерес со потпис на градоначалник и министер

August 18, 2025

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk