ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Луѓето почнуваат да сфаќаат какво зло избрале

March 10, 2025 11:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Луѓето кои со невидена страст учествуваа во исмејувањето на највисоките меѓународни дострели на Северна Македонија, значи на реалната афирмација и втемелување на националните интереси и специфичните белези, како идејни заблуди ставени во функција на демонтажата на власта на сдсм и дуи и на инсталацијата и на окупацијата од страна на партијата чии опасни и демонтирачки намери беа евидентни низ сиве овие 35 години, сега почнуваат да сфаќаат дека Македонија може и да исчезне!!!

Се разбира дека може.

И не само што може туку сигурно ќе исчезне според научно утврдената вистина дека кога од митот (за вмро) прави политички концепт ентитетот ја предизвикува агонијата и својата смрт.

Тоа е декаденцијата во која длабоко сме влезени.

Уште на почетокот на тие 35 години јас тврдев дека Македонија како независна држава и нација и вмро не можат да постојат истовремено односно можат додека вмро го демонтира проектот цигла по цигла.

Се разбира јас не ги негирам слабостите на претходната власт, но тие не беа разумна причина за Македонецот да го земе кубурот и да се убие во името на славните јунаци и уште помалку во името на денешните лудаци.

Ме радува тоа освестување оти без помошта и на овие луѓе тешко ќе се преброиме со злото, но дури и величината на таа мисија не може да ме сопре да ги кажам овие работи и нивните манифестации какви што беа демонстрацијата на невидените глупости на митинзите против преговарачката рамка, еј, демек против наводната бугаризација, еј, против се што е здраворазумско, како што и во тоа време и денес е одбивањето да се внесат Бугарите во Уставот како некаков патриотски чин.

И кампањата против дуи не во интерес на правото законот и правдата туку како дел од демонтажата овој пат преку ширење на омразата кон Албанците.

Многумина ја беа разбрале демократијата како комотна платформа за игра, а Македонија како објект на играта врз кој тие се слободни да прават што сакаат дури и во сферата на политиката.

Затоа што Македонија ја сметаа за фикс. За своја. Само своја. За свој балон кој ги штити од надворешните ветришта.

Во Европа ќе сме влегле само достоинствено.

Се разбира, самиот влез е знак на највисокото достоинство. Но, кај нас достоинството го дефинираат мамлази и луѓе со опасни намери. И инструменти какви што се медиумите. А за нив како и за мнозинството од народот единствено достоинство е достоинството на жртва. Статус од кој се плашат да излезат затоа што немаат односно мислат и чувствуваат дека немаат ништо друго.

Сто пати сум пишувал: не е потребен никаков подвиг доволно е да бидеме нормални. Но некои викаат дека тоа ќе биде најголемиот подвиг во плитката историја на Македонците. Да ја вратат излеаната река на хистеријата во коритото на нормалноста.

Тоа ќе биде тешко затоа што Македонија е успешен повеќегодишен тест за кретенизмот кој се покажа успешен и сега почнува да се применува во САД.

Ние бевме лабораториски бели глувци!

Третирани со митомански вмронит.

И медиумски глупофит.

И сè уште сме.

Замислете.Чистка, предавници, непријатели на сите страни, мегаломании, царство на идиотите, окупација на институциите односно нивно разорување преку потчинување, уништување на образованието и културата.

Чист македонски синдром.

Агелер, верувам, никогаш не била порадосна.


Текстот е личен став на Авторот
Next Post

Независен синдикат поднесе кривична пријава против министерката за образование на Србија

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk