Потресни вести од Кочани, Северна Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи.
Таа изрази сочувство и во името на косовскиот народ велејќи дека се со семејствата на жртвите и со целиот народ на Северна Македонија во ова тешко време.
– Вие сте во нашите мисли и молитви, напиша Османи.