ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Астронаутите на НАСА, Вилмор и Вилијамс ја напуштија Меѓународната вселенска станица по непланираниот деветмесечен престој

March 18, 2025 11:18
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Астронаутите на Boeing Crew Flight Test, Буч Вилмор и Суни Вилијамс. Фото: НАСА

Астронаутите на Boeing Crew Flight Test, Буч Вилмор и Суни Вилијамс. Фото: НАСА

Share on FacebookShare on Twitter

Астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс рано утринава ја напуштија Меѓународната вселенска станица (МВС) во капсулата „Кру драгон“ (Crew Dragon) на „Спејс-Икс“ (SpaceX), почнувајќи го своето враќање на Земјата, по непланираниот деветмесечен престој на Станицата.

Вилмор и Вилијамс отидоа на вселенската станица во јуни минатата година како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, како дел од осумдневната пробна мисија. Но, нивната мисија на МВС беше продолжена поради технички проблеми со нивното вселенско летало. Проблемите со погонскиот систем доведоа до неколкумесечни одложувања, по што НАСА одлучи да ги врати на Земјата во капсула на „Спејс-Икс“. По слетувањето, астронаутите ќе бидат префрлени во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, каде што ќе бидат подложени на медицински прегледи пред да им биде дозволено да се вратат кај своите семејства.

Се очекува астронаутите да слетаат близу брегот на Флорида подоцна денеска.

Експертите објаснуваат дека долгиот престој во Вселената може да има физички последици, вклучувајќи и мускулна атрофија и можни проблеми со видот. Вилмор и Вилијамс минаа вкупно 286 дена во Вселената – подолго од вообичаените шест месеци за мисиите на МВС, но пократко од американскиот рекорд на Френк Руби, кој траеше 371 ден – поради дефект на руско вселенско летало.

Вилијамс ќе ја заврши својата трета вселенска мисија со вкупно 608 дена во Земјината Орбита, а тоа е второ најдолго време меѓу американските астронаути, зад Пеги Витсон, која поминала вкупно 675 дена во вселенскиот простор.

НАСА соопшти дека Вилмор и Вилијамс морале да останат на МВС додека не пристигне нивната замена за да го задржат потребниот број американски астронаути на станицата.

Астронаутите кои ќе ги заменат, четиричлениот екипаж на мисијата „Кру-10“, пристигнаа во петокот вечерта, со што во тој миг бројот на членови на екипажот на МВС беше 11. МВС, којашто орбитира над Земјата, на околу 409 километри надморска височина, работи речиси 25 години како меѓународна истражувачка лабораторија и клучна платформа за вселенска соработка на САД со Русија, Велика Британија, Јапонија и други држави коишто испратија свои астронаути во Орбитата.

Tags: ISSБуч ВилморНАСАСани Вилијамс
Next Post

Андовски: Состојбата на повредените е релативно стабилна, во земјава се лекуваат 89, а 76 се транспортирани во странство

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk