ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Кочани се одржа собир за поддршка и ослободување на притворените од обезбедувањето во дискотеката и верска молитва за повредените и починатите

March 18, 2025 21:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Паркот на Револуцијата во Кочани вечерва се одржаа два собира на кои присуствуваа голем број граѓани и роднини на настраданите во трагичниот пожар. Првиот собир, под мотото „Слобода за нашите херои“, се фокусираше на барањето за ослободување на притворените лица од обезбедувањето во дискотеката, кои учествувале во спасувањето на повредените. Вториот собир, предводен од митрополитот брегалнички Иларион, беше посветен на молитва за спокој на душите на загинатите и побрзо оздравување на повредените.

На собирот „Слобода за нашите херои“, беше побарано ослободување на притворените лица од обезбедувањето во дискотеката, кои учествувале во извлекувањето и спасувањето на повредените од огнената стихија.

-Сакаме да изразиме најдлабоко сочувство до семејството на сите починати и да им посакаме побрзо оздравување сите кои во моментов се наоѓаат клиниките кај нас и во светот. На овој собир сакаме да изразиме и почит кон оние луѓе кои помагаа да се спасат колку што може повеќе деца. Овде го вклучуваме и возачот Иле во Итната медициснка помош, кој се борел да ги превезе и да ги спаси децата, а подоцна легнал да спие и не се разбудил. Исто така, им благодариме на сите други, меѓу кои се и нашите сопрузи и браќа, дел од нив веќе не се меѓу нас, кои помагале во спасувањето. Ние ги нарековме наши херои затоа што да не беа тие ќе имаше уште многу загинати, истакна Наталија Ѓоргиева, учесничка на собирот.

Влатко Здравков, исто така учесник на собирот, се надоврза со благодарност до лицата од обезбедувањето.

-После сѐ што ни се случи ни требаат психијатри да им помогнат на овие семејства и деца. За лицата од обезбедувањето тврдиме дека ако не беа тие ќе имавме 300 жртви. Тие си ги жртвуваа животите, спасија многумина и сега терба да се во болница, наместо да бидат во притвор. Срамно и жално е тие да бидат виновници, затоа што ако се борите против нив, не се борите против митото и корупцијата, затоа што знаеме дека тие се во институциите и знаеме во кои. Ако се искрени сите надлежни треба да почнат да се справуваат каде што треба, наместо да удираат по хероите, рече Влатко Здравков, учесник на собирот.

На вториот собир митриполитот брегалнички Иларион во сослужение со свештеници од кочанската епархија одржа молитва за спокој на душите на загинатите и за побрзо оздравување на повредените во трагедијата.

-Се молиме на Бога да ги прими душите на починатите во рајските населби кај светителите и ангелите, а сите ние со нашите молитви и мисли да бидеме насочени кон нив и смирено и достоинствено да ги испратиме во вечноста. Исто така, да се помолиме неговата милост да се покаже кон нашите болни, што побрзо да добијат исцеление, побрзо да ни се вратат и да бидеме заедно во овоземниот живот. Да ги утешуваме родителите на починатите, затоа што во ова време ни треба трпение, смирение, покјание и љубов, едни со други да си помогнеме, истакна митрополитот Иларион.

Митрополитот ги повика граѓаните да присуствуваат на молитвите за загинатите и повредените што се одржуваат во православниот храм „Св. Георгиј“ во Кочани, како и на заедничкиот погреб што ќе се одржи в четврток на Градските гробишта.т

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кочанипожарсобир

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk