ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување

March 25, 2025 09:39
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шеснаесет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани и се лекуваа во земјава се очекува да бидат испишани од болниците и лекувањето да го продолжат во домашни услови. Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во државава, а надлежните тврдат дека ги преземаат сите неопходни чекори за продолжување на нивното адекватно лекување.

Во моментов во државава се лекуваат 54 пациенти од трагедијата во Кочани, 46 во јавните здравствени установи, а осум во приватните болници. Од оние во јавното здравство, 26 се лекуваат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тројца на КАРИЛ, шестмина на Пластична хирургија, 11 на Токсикологија, по двајца на Пулмологија и Детска хирургија и по еден на Торакална хирургија и Офталмологија. По десет лица се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во странство се лекуваат 115 пациенти, а од нив четири се во критична состојба. Оваа недела се очекува осуммина од оние во странство да се вратат на клиниките кај нас.

– Веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат, кои се лекуваат надвор од државата. Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Оваа недела очекуваме осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, изјави вчера министерот за здравство Арбен Таравари.

Пациентите се во фаза на инфекции и можни се компликации, а здравствените работници од странство го даваат нивниот максимум. – Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели, додаде Таравари.

Тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.

-Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа. Бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани, ќе одат таму да видат за што има потреби, за да интервенираат кога треба. Штипската болница веќе има четири пластични хирурзи. Ќе бидеме во комуникација, ќе им дадеме поддршка, за да не патуваат пациентите, туку нашите доктори да одат и да им дадат помош која што е потребна во фазите кои се пред нас, појасни Таравари. Како што напомена, на дел од пациентите ќе им биде потребна рехабилитација во траење од две недели, а на некои можеби и месеци.

-Ќе размислуваме за опциите за тие кои што ќе останат и ќе бидат на подолгорочно лекување. Веќе размислуваме кои се можните опции, додаде Таравари.

И владината портпаролка Венера Љатифи Азизи вчера потенцира дека се прави се за да се обезбеди потребниот третман и за подобрување на здравствената состојба на пациентите.

-Во меѓувреме, состојбата на некои пациенти и понатаму е сериозна. Четири од тие кои се во странство се во критична состојба, но правиме се за да го обезбедиме потребниот третман и да се надеваме на нивно подобрување. Покрај болничката нега, како дел од долгорочната нега обезбедивме тим хирурзи кој ќе остане во Кочани за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Исто така, Штипската болница располага со четири хирурзи кои ќе бидат во постојана комуникација за давање поддршка на пациентите, рече Љатифи Азизи. Нагласи дека здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација за сите пациенти.

Таа истакна дека истрагата за овој сериозен настан продолжува со целосна посветеност и во соработка меѓу одговорните институции. -Владата останува решена да ја открие вистината и да се погрижи одговорните да одговараат за своите постапки, рече портпаролката Љатифи Азизи.

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека општините треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување.

МОН на 20 март се обратило до општините, кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта, за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. Најавуваат дека и Државниот просветен инспекторат, во рамки на своите надлежности, ќе проверува дали училишните објекти се осигурени.

По трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година рано наутро во Општина Кочани, каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а околу 200 луѓе беа повредени, на територија на цела држава беше прогласена седумдневна жалост. Жртвите беа погребани на 20 март 2025 година во Кочани, Скопје, Струмица и Штип.

Tags: Кочанипластични хирирурзи
Next Post
Последиците од рускиот ракетен напад врз Суми, Украина, на 24 март 2025 година. Фото: Национална полиција

Еден загинат и 110 повредени во руските напади со дронови и балистички ракети врз Украина во изминатиот ден

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk