ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кошта: Мора да ги заштитиме океаните – од нив зависат безбедноста и просперитетот на Европа

March 31, 2025 14:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Океаните се општо добро на човештвото, бидејќи апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човечки активности и 25 проценти од емисиите на јаглерод диоксид, тие се дом на 80 отсто од биолошкиот диверзитет во светот и произведуваат 50 проценти од кислородот што го дишеме и затоа мора да ги заштитиме, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на отворањето на Меѓународната конференција „СОС Океан!“ во Париз.

– Пред повеќе од еден век, Жил Верн во „Дваесет илјади милји под морето“ напиша: „Морето е сè! Сепак, ние луѓето, како добри копнени животни, одамна избравме да ја игнорираме оваа вистина. Ние дури и ја нарековме нашата планета „Земја“, а всушност океаните го покриваат најголемиот дел од нејзината површина, ја обликуваат нејзината клима и дозволуваат постоење на повеќето форми на живот. Дојде време да се смени курсот. Повеќе не можеме да им вртиме грб на океаните, нагласи Кошта.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Кошта додаде и дека 90 отсто од стоките во глобални рамки се транспортираат по морски пат, а 99 проценти од преносот на податоци и комуникации се одбива преку подморски кабли, па затоа светот мора да ги заштити океаните и да ги промовира како глобални средства.

– Климатските активности мора да вклучуваат и мерки за океаните, што е приоритет за нас. Додека за други приоритет е да одат на Месечината или Марс, Европа, од своја страна, мора да го постави океанот како мисија за 2050 година. Здравиот океан е суштински за одржлива, сигурна и конкурентна иднина на Европската Унија. Безбедноста и просперитетот на Европа зависат од стратешкиот и сеопфатен пристап кон океаните, рече Кошта.

Претседателот на Европскиот совет нагласи дека 40 отсто од Европејците живеат во крајбрежни региони, кои генерираат околу 40 проценти од БДП на Европската Унија, па затоа ЕУ е цврсто посветена на заштита водите и морињата, вклучително и во имплементацијата на постигнатиот Договорот за отворено море.

– Европската унија се движи во вистинската насока. Но, нема причина да се опуштиме. Треба да дејствуваме побрзо и да бидеме амбициозни. Предизвиците може да изгледаат огромни, огромни колку и самиот океан, но нашата способност да соработуваме и нашата решеност да се справиме со глобалните проблеми мора да бидат исто толку силни. Можете да сметате на Европската Унија како доверлив и предвидлив партнер, порача Кошта, додавајќи дека не смееме „да бидеме генерацијата што замижа“, туку треба да бидеме „тие што решија да дејствуваат“, пренесе МИА.

Next Post
Скриншот

Маск подарува чекови од еден милион долари во замена за гласови пред изборите за Врховниот суд во Висконсин

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk