ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува фестивалот за литература и општа култура „Видик“

April 2, 2025 09:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 16-ти овој месец ќе се одржува второто издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ во организација на „Литература.мк“.  Оваа културна манифестација годинава ќе има и хуманитарен карактер, односно средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

Организаторот најавува 15 настани во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот и уметноста. На програмата се промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, изложби на фотографии и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Фестивалот ќе почне денеска во 19 часот, со промоција на најновиот роман за возрасни „Три Марии“ од писателката Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Ламина“. Промоторка на книгата ќе биде Илина Јакимовска, а извадоци ќе читаат актерките Катерина Коцевска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Симона Димковска.

Утре на програмата е театарската претстава „Лекција“ од Ежен Јонеско, а во петок ќе биде промовирана книгата „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, посветена на Ѓорѓе Балашевиќ. Во сабота концерт ќе одржи младата македонска музичка ѕвезда Дина Јашари, а во недела ќе биде изведена театарската претстава за деца „Магичната флејта на Вулфи“.

Програмата продолжува на 8 април (вторник) со изложбата „Соѕвездие на детските сни“, а на 9 април (среда) ќе се одржи промоцијата на четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“ во издание на „Арс Ламина“. Наредниот ден на програмата е концертот на „Симеон Ангеловски квартет“, а на 11 април ќе биде одиграна монодрамата „Сите најубави нешта“ во режија на Дејан Пројковски.

Под наслов „Патување низ звукот на корените“, на 12 април ќе се одржи концертот на Зарина Првасевда – македонската артистка и вокална изведувачка, додека во недела ќе биде одиграна театарската претстава за деца  „Себастијан и sвездите“.

На Светскиот ден на уметноста, 15 април, ќе се одржи вечер посветена на уметникот Киро Урдин. На програмата се проекција на документарецот „Планетариум“ и изложба на фотографии и афоризми од Урдин.

Второто издание на „Видик“ ќе биде затворено на 16 април со промоција на сонетниот венец  „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, во издание на „Арс Ламина“. Ќе се одржи и музички настан „Џез, буки, веди“ на „Јани Костурски квартет“.

Tags: фестивал за литература и општа култура
Next Post

Јавна седница на ССМ пред законодавниот дом, ќе се бара минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk