ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Додик: Ако не ми дозволат да се кандидирам за претседател, ќе бидам премиер; На Трамп ќе му понудам литијум и руди во вредност од 100 милијарди долари

April 18, 2025 16:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Foto: Wikimedia Commons

Foto: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, по кого беше распишана потерница, е убеден дека нема да заврши во затвор бидејќи претпоставува дека актуелната криза во Босна и Херцеговина ќе се реши со некаков политички договор, а најави дека и да биде конечно осуден, ќе ја продолжи својата политичка кариера,пишуваат српски регионални медиуми, пренесува ЦивилМедиа.

Додик во интервју за бањалучкиот весник „Глас Српске“ призна дека неговата ситуација изгледа „неизвесна“, но има разработено сценарио што ќе направи доколку судот ја потврди првостепената пресуда со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.

„Дури и да ми ја забранат кандидатурата (за претседател на Република Српска), некој друг ќе биде кандидат пред владејачката коалиција и ќе победи. И тогаш јас ќе бидам премиер. Не можат да ми забранат да бидам премиер, а тоа за нив е поопасно од тоа да бидам претседател“, рече Додик.

Тој, сепак, призна дека претрпел пораз во неговите напори да ја блокира работата на државните институции откако беше осуден со тоа што сите Срби кои работат во нив ги напуштија своите работни места.

„Точно е дека очекував дека ќе биде поинаку. Тоа е поразително. Има Срби кои се подготвени да работат за Сараево и Босна и Херцеговина, и против Република Српска“, разочарано рече Додик, кој не ја пропушти можноста да се закани со кривично гонење на Србите кои не му се лојални откако ќе се формира специјално обвинителство за такви случаи на РС.

Тој е лут и на Европската унија, а особено на високата претставничка за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, која за време на нејзината посета на Босна и Херцеговина претходно во април, јасно ги означи политичарите од РС како одговорни за актуелната криза во Босна и Херцеговина.

Додик вели дека и таа, како и другите лидери на ЕУ, не разбира што всушност се случува во БиХ, за разлика од политичарите од екстремно десничарските партии во некои европски земји.

Тој смета дека наскоро ќе има можност да воспостави подобри односи со САД, односно со администрацијата на Доналд Трамп, па претпоставува дека тогаш ќе се намали и меѓународниот притисок врз РС. Тој потврди дека е подготвен да му понуди на Трамп управување со наоѓалиштето на литиум пронајдено на територијата на РС.

Тој потврди дека комерцијалната вредност на тие руди, во која спаѓа и литиумот, е околу 100 милијарди долари.

Коментирајќи ги арбитражните спорови вредни повеќе од една милијарда евра предизвикани од постапките на властите на РС, Додик тврди дека Бања Лука не бега од своите обврски, туку бара државата прво да реагира, а потоа да го подмири долгот на ентитетот.

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: ДодикпремиерПретседател
Next Post

(ЕКСКЛУЗИВНО) Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk