ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Заболените и тие во карантин да не се стигматизираат, тестирање и во поликниката во Чаир, лични карти и возачки на домашна адреса, со забраните за движење загаденоста се намалува, сите жители на Москва во самоизолација

Преглед на вести до 9 часот

March 30, 2020 08:13
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПОМИНА нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на корона вирусот. Според последните податоци потврдени се 259 случаи на коронавирус во земјава, шест смртни случаи и тројца излекувани. Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувано, но добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти.

СИТЕ жители на Москва ќе мора од денеска да останат во домашна самоизолација, најави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

ПОДОБРО сите да стиснеме заби два месеца, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите. Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди. Затоа се неопходни овие мерки, меѓу кои намалување на платите на функционерите, но и на сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари, вели во интервју за Фактор претседателот на СДСМ Зоран Заев.

ТЕСТИРАЊЕ за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката  „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.

КРИЗИТЕ се време кога човечноста е ставена на тест. Ниту заболените од коронавирусот, ниту нашите сограѓани сместени во карантин не треба да бидат стигматизирани. Не смееме да дозволиме, објави на својот профил на Фејсбук синоќа министерот за здравство Венко Филипче.

ЛИЧНИТЕ карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

СО воведувањето ограничувања за движење и активности поради коронавирусот, загаденоста на воздухот е намалена во урбаните области низ цела Европа, покажуваат денеска најновите сателитски слики.

ДРЖАВЈАНИ на Република Северна Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел

Next Post

Гундоган: Да бидеме чесни, Ливерпул ја заслужува титулата

Најново

Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

April 30, 2026

Македонските ученици од СТЕМ Академија освоија пет награди на меѓународниот натпревар по роботика во Атина

April 30, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk