Во рамки на напорите за зајакнување на подготвеноста на ЕУ за потенцијална пандемија на грип, Европската комисија и понуди можност на 17 земји членки да купат 27.403.200 дози вакцини против грип.
Ваквата понуда е овозможена со договорот склучен меѓу Управата на ЕУ за подготвеност и одговор на вонредни состојби во здравството и фармацевтската компанија „Секвирус“ за набавка на вакцини „Фоклива“, доколку Светската здравствена организација (СЗО) или Европската Унија официјално прогласат пандемија на грип.
– Иако е тешко да се предвиди пандемија на грип, денешниот рамковен договор за заедничка набавка е дел од пошироката работа на Комисијата за зајакнување на подготвеноста и одговорот на ниво на ЕУ за заштита на здравјето на граѓаните, се додава во соопштението на ЕК
Договор е склучен за период од 48 месеци, со можност за негова обнова во два наврати од по 12 месеци.