Британскиот премиер Кир Стармер денеска му честиташе на канадскиот премиер Марк Карни за неговата изборна победа и рече дека сака неговата држава да ги продлабочи односите со Канада.
Либералната партија на канадскиот премиер Марк Карни, поранешен гувернер на Банката на Англија и Банката на Канада, победи на изборите вчера по бранот отпор кон економскиот притисок на американскиот претседател Доналд Трамп и заканите за анексија на Канада.
Стармер рече дека личните врски на Карни со Велика Британија ќе помогнат во зајакнувањето на врските меѓу двете земји како „најблиски сојузници“.