Јужнокорејските обвинители извршија претрес во приватната резиденција на поранешниот претседател Јун Сук-јеол, објавија јужнокорејските медиуми.
Јун беше трајно отстранет од власт на 4 април поради неговиот обид да воведе воена состојба во Јужна Кореја минатата година.
Рацијата во резиденцијата на поранешниот претседател е поврзана со истрага за злоупотреба на влијание во која се вклучени религиозни личности, објаснуваат медиумите. Обвинителството бара документи и материјали што би докажале врска меѓу религиозните личности и поранешниот претседател и неговата сопруга.