Пишува: МИЛУТИН РИСТЕСКИ
Сезоната на неискосени тревници е во полн ек. Ако некој се прашуваше зошто Општина Аеродром две недели по ред објавува фотографии и видеа од косење на тревата, токму ова е причината. За тие што не излегле од дома да мислат дека сѐ е под контрола.
Следува сезона на комарци, па сезона на исушени тревници, па избори. Контејнерите и кантите преполни со ѓубре и дивите депонии на секој чекор немаат сезона. Тие се нон-стоп, 24/7, во текот на целата година.
Системот крив секако, не дај Боже некој прст да впери во градоначалниците на ДПМНЕ, Митески, Арсовска, другите… Не, тие не смеат да бидат криви.
И да, на Ивица Коневски му смета недоградената црква на Самсоненко, оти сѐ другото е потаман. Дека градинки имаме доволно, па да почнеме и цркви на приватен имот да градиме, со народни пари се разбира.
А ти, гласај народе. Гласај и ќути си, има и полошо. Кубурот на појас цврсто и да живее Македонија.
Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ФБ.