На граничните премини „Ќафасан” кај Струга и „Блато”, кај Дебар, на македонско – албанската граница, од вчера попладне и денеска видно е зголемена фрекфенцијата на патници и возила.
Според албанските медиуми тоа посебно за влез на албанска територија, но голем е бројот и на албански државјани кои денешниот ден и викендот ќе го поминат главно во Струга, Охрид и Дебарскиот крај.
-Голем број македонски државјани, главно Албанци избраа во Албанија да го поминат празничниот, но и следните денови . На граничниот премин Ќафасан и “Блато” што ја поврзува Албанија со Македонија, има видно зголемен проток на возила, објавија медиумите.
Според ABC News редици автомобили чекаат да ја преминат границата но не се забележани никакви пречки. Најчеста дестинација за македонските државјани главно е Драч, како и други туристички места на крајбрежјето.