ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

Нема гаранција дека вечно ќе трае еднаш освоената слобода, дека еднаш добиените права вечно ќе ги уживаме“. Демократијата, според Костова, е кревка и бара постојана грижа, посветеност, едукација и активна борба – и внатре во партијата, и на пошироко општествено ниво.

May 11, 2025 18:15
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА

Во СДСМ постои демократски капацитет за отворени внатрепартиски дебати, особено за клучни прашања како родовата еднаквост, човековите права и заштитата на малцинствата, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фронтлајн, како одговор на прашањето – Има ли внатрепартиски дебати во СДСМ за теми како родовата еднаквост, ова особено ако се земат идеолошките разидувања по ова прашање на некои истакнати политички фигури од редовите на СДСМ?.

„Во секоја демократска партија е потребно и посакувано често да се водат дебати, особено за така важни прашања како што е тоа родовата еднаквост и права на различни видови малцинства“, нагласува Костова. Таа смета дека вистинската социјалдемократска политика подразбира отвореност за различни ставови, но и цврста заложба за заштита на обесправените.

„Правата на сите, особено на маргинализираните, не смеат да бидат жртвувани на олтарот на строгите норми кои ги одржуваат застарените динамики за одржување статус кво и доминација на најмоќните“, вели таа. За Костова, оваа борба е глобален предизвик: да се спротивставиме на модерните форми на дехуманизација и пропаганда кои ги угнетуваат најнепривилегираните.

Во однос на меѓуетничките и меѓуверските односи, како и човековите права и еднаквоста, Костова потврдува дека овие теми се дел од континуираните внатрешни процеси на евалуација и надградба во СДСМ.

„Ваквите дебати го издигнуваат партискиот дух и сила, но и го зацврстуваат општественото ткиво“, смета таа. Според Костова, токму преку внатрепартиските расправи и залагања, СДСМ успеала да внесе системски промени и да придонесе за унапредување на правичноста и рамноправноста во македонското општество.

Но таа и предупредува: „Нема гаранција дека вечно ќе трае еднаш освоената слобода, дека еднаш добиените права вечно ќе ги уживаме“. Демократијата, според неа, е кревка и бара постојана грижа, посветеност, едукација и активна борба – и внатре во партијата, и на пошироко општествено ниво.

Поврзано:

Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

Tags: интервјуКристина КостоваФронтлајн
Next Post

Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk