ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бранимир Јовановиќ: За поттикнување на економската активност мора да се стимулира потрошувачката

Не можете да зборувате за солидарност, односно во име на солидарност да кратите плати на оние коишто заработуваат по 400 евра плата, а да ги оставате оние коишто имаат плати од неколку десетици илјади евра, смета Јовановиќ.

March 30, 2020 20:24
in ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во Министерствтото за финасии, Бранимир Јовановиќ.

– Ако кратите плати на јавната администрација вие практично правите тие помалку да трошат и вештачки си креирате или ја продлабочувате економската криза затоа што тие помалку ќе  трошат. Економската активност поради тоа и ќе се забавува, рече Јовановиќ гостувајќи во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Тој нагласи дека ниту еден економист не ја поддржува мерката за кратење на платите во администрацијата поради актуелната состојба предизвикана од корона вирусот, потенцирајќи дека станува збор за околу 100 илјади лица, односно 100 илјади семејства што ќе бидат погодени од оваа мерка, со што практично средната класа се сведува на сиромаштија.

– Искрено не слушнав економист што ја поддржа оваа мерка. Читав периодов интервјуа, изјави од неколку економисти и Ванчо Узунов, и Петар Гошев и Абдулменаф Беџети, сите тие беа против таа мерка. Зошто? Затоа што е многу јасно. Не можете да зборувате за солидарност односно во име на солидарност да кратите плати на оние коишто заработуваат по 400 евра плата, а да ги оставате оние коишто имаат плати од неколку десетици илјади евра, смета Јовановиќ.

Според него, највисоката плата во државава е 250 илјади месечно, а има и 250 лица кои земаат плата над 10.000 евра.

– За каква солидарност зборуваме ако на нив ништо не им правите, а им кратите плата на оние коишто имаат 400 евра. Имате фирми во оваа држава што имаат добивка од стотици милиони евра, на нив ништо не им правите. Имате околу 200 фирми во државава коишто имаат нето добивки, значи после даноци од преку еден милион евра и на нив ништо не им правите, дури некои од нив и профитираат и во оваа криза и на нив ништо не им правите, а им земате пари на работниците. Значи, толку за солидарноста и праведноста, потенцира Јовановиќ.

Министерката за финансии, посочи тој, кажува дека ќе се обезбедат 600 милиони евра задолжување од надвор, а сега со ваква мерка се обезбедуваат дополнителни 30-40 милиони евра.

– Викате дека тоа мора да се обезбеди. Ситница е тоа, 30-40 милиони евра нема ништо да направат во оваа криза. Затоа, смешно е да се каже дека е неопходно да се кратат платите на администрацијата, потенцира Јовановиќ.

Next Post

Нови 12 случаи на корона вирус денеска во Косово, над 100 заразени

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk