ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа

May 15, 2025 14:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

– Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа, економската состојба е катастрофална. Животот е сѐ поскап, а платите не мрдаат. Маслото за јадење, млекото, лебот, јајцата – основните прехранбени производи – сѐ е поскапено, истакна на денешната прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

„Пакување од 10 јајца, е веќе 113 денари, маслото за јадење над 90 денари, килограм брашно 49 денари, јогурт 87 денари, покачени се цените на млекото, сирењето. На пазарите исто така има посапувања на овошјето и зеленчукот. Црешите веќе станаа луксуз. Последните податоци за потрошувачката кошничка се поразителни, зголемена е за 836 денари за еден месец. Веќе три минимални плати се потребни за да може да се преживее. Една просечно македонско семејство со две деца не можат да ги покријат основните трошоци во месецот, платите не стигнуваат од први до први. Како да се покрие храна, струја, вода, школо, лекови? Нема со што да се плати рата за кредит или кирија. Народот се мачи како да истурка месец за месец, додека власта се гоштева со манго, папаја, октоподи“, рече Костова.

Таа нагласи дека „ова не се статистики, ова е суровата реалност на луѓето во Македонија. На пензионерите кои бројат денови до следната пензија. На младите семејства кои веќе не можат да си дозволат ни основни работи.  На самохраните родители кои се борат со скапотијата. На сите оние што се трудат чесно да работат, а не можат да живеат пристојно“.

„Животот во Македонија никогаш не бил поскап, а Владата нема решение за високите цени. Премиерот не знаел дека цените биле поскапени, па ќе чекал, да видел какви ќе биле анализите, па ќе реагирале. Ова не е само несериозно, ова е директно признание за промашените владини политики и тотална негрижа за стандардот на луѓето. СДСМ со месеци наназад алармира и предлага конкретни решенија кои власта упорно ги одбива:

– Укинување ДДВ за храна.

– Зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра.

– Зголемување на платите во приватниот сектор.

– Поддршка за домаќинствата со најниски приходи.

Работниците гласно бараат повисоки плати, поголема минимална плата и власта не смее да ги игнорира, туку мора да преземе нешто.

СДСМ ќе продолжи да се бори за стандардот на граѓаните. Работниците, граѓаните, заслужуваат достоинствен живот“, рече Костова.

 

Tags: КостоваСтандардцени
Next Post
Костадин Костадинов. Фото: Општина Струмица

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина

August 15, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

August 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈОРСМ: По јавната реакција на Ивановска и е дадена можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk