Собранието денеска ја продолжи 48. седница на која без расправа ги донесе измените на Законот за оружје и измените на Законот за употреба на македонскиот јазик предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
За Предлог измените на Законот за работни односи, поднесени од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе се изјасни кога ќе се создадат деловнички можности.
Претходно, во рамки на 47. седница, пратениците ги донесоа дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање.
Денешното продолжение на 47. седница почна со еден час пауза по барање на пратеничката група на „Левица“ која побара од претседателот на Собранието да побара од генералниот секретар на Владата да одговори на барањето на пратенчката Јована Мојсовска за тоа кој пратеник колку патни трошоци направил.