Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на денешниот трилатерален состанок на Турција, Русија и Украина во рамките на мировните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул повика на обновена посветеност на дипломатијата.
– Мораме да ја искористиме оваа можност за да напредуваме на патот кон мирот, рече Фидан за време на својот воведен говор, обраќајќи им се на делегациите на Русија и Украина, како и на турските посредници, пренесе Анадолија.
Ова се први директни преговори меѓу Русија и Украина по три години.