Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека преодната влада на Сирија е можеби на само неколку недели од колапс, пренесе ДПА.
– Преодната власт, со оглед на предизвиците со кои се соочува, можеби е на само неколку недели, а не многу месеци, од потенцијален колапс и граѓанска војна од епски размери, изјави Рубио на сослушување пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат.
Тој повика на поддршка на сириските преодни власти.
– Ако ја погледнете историјата на регионот, кога Сирија е нестабилна, регионот станува нестабилен, рече тој.
Рубио зборуваше додека министрите за надворешни работи на Европската унија одлучија да ги укинат економските санкции кон Сирија.
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп најави укинување на сите американски санкции кон Сирија.