ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

May 22, 2025 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
VDzambaski / Flickr

VDzambaski / Flickr

Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесовме предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка. Сакаме да испратиме јасна порака дека ова не е политички закон туку ова е човечки закон. Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална обврска и праведна грижа кон оние кои најмногу страдаат изјави Оливер Спасовски – координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Во оваа трагедија изгубивме 62 млади животи, над 200 наши сограѓани се повредени и некои од нив имаат и трајни последици, тие  неможат да чекаат ниту да бидат заборавени. Законот предвидува конкретна поддршка финансиска здравствена поврзана социјална за настраданите лица и членовите на нивните семејства.

Претходно законот го поднесовме во скратена постапка и не доби поддршка од мнозинството во парламентот. Ги слушнавме забелешките на парламентарното мнозинство дека треба да има поголема прецизност дека треба подобра проценка на фискалните импликации дека се потребни одредени технички корекции на законското решение и токму во оваа законско решение ги опфативме сите тие забелешки кои што беа досега дадени.

Меѓутоа имаме и втора можност а тоа е во редовната постапка да се дебатира законот да се дебатира, да се поправи, да се доуреди доколку за тоа има потреба во амандманската работа.

Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите надомест од 80.000 евра додека пак сите оние коишто се со повреди зависно од степенот на инвалидитето да се одреди и сумата којашто треба да ја добијат.

И во суштина практично се олеснува пристапот до институциите, здравствена, социјална психолошка и секаква друга поддршка која што ќе им треба, трудова итн на семејствата.

На овој начин да овозможиме да не се губи време преку системот туку на еден консолидиран начин да можеме да помогнеме на овие семејства и да покажеме дека навистина сме солидарни и дека можеме да излеземе во пресрет.

Секако прифативме тоа што требаше да биде поправено во законот меѓутоа не можеме да прифатиме една работа а тоа е одложувањето и игнорирањето на овој проблем. Затоа што веќе неколку месеци по несреќата не можат луѓето да чекаат без поддршка, ниту пак родителите. Затоа што е важно институционалната поддршка да биде на соодветно ниво.

Повредените лица не се само статистика, тоа се млади луѓе, ученици, тоа се семејства чии што живо преки и нивната борба за закрепнување треба да биде борба на сите нас. Би додал тука дека ние треба да имаме борба и за закрепнување на градот Кочани.

Затоа ги повикувам сите пратеници во собранието без разлика дали се од партии на парламентарното мнозинство или од парламентарната опозиција да се покаже зрелост, да покажеме дека ова не е натпревар помеѓу партиите туку дека е испит за емпатија и хуманост којшто ќе го положиме. Да покажеме дека пред се луѓе дека знаеме да бидеме луѓе во тешки моменти тогаш кога непотребна поддршка на сите“, изјави Спасовски.

 

Tags: Закон за КочаниСДСМ
Next Post

Светот соочен со највисоко ниво на насилство во последните децении

НАЈНОВО

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Би-Би-Си ѝ се извини на принцезата Кетрин поради погрешно ословување во преносот за Денот на сеќавањето

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk